– Имав доста напорна сезона, која за жал поради повреда на рамото не можев да ја завршам како што посакував. Минатата сезона забележав солидни резултати се пласирав на осмата позиција од 5000 пливачи во Холандија. Од во Охрид стартуваат подготовките за следната сезона, која се надевам ќе помине во најдобар ред – рече Камнаровски.
Според неговиот тренер и татко Томе Камнаровски условите за еден млад и надежен пливач во Холандија и Македонија се неспоредливи.
– Во Холандија само фудбалот е пред пливањето. Затоа тие вложуваат многу финансии иако последниве неколку години немаат некои забележителни резултати. Кризата во светот ги стигна сите, но и во таква ситуација тие изнајдоа средства да направат современ базен „рамо до рамо“ со Олимписките – посочи Камнаровски.
Настап на Димитар за македонската репрезентација би било остварување на неговиот сон и големо признание за неговиот тренер и татко Томе.
– Јас би бил најсреќен кога тој би настапувал за Македонија, а се надевам дека во иднина ќе се случи тоа. Неговиот настап под македонското знаме го очекувам за две години во јуниорската конкуренција – заврши Томе Камнаровски.
Димитар го најави учеството на малиот маратон, кој се одржува на 2 август од хотелот Инекс Горица до пристаништите во центарот на градот.