Охриѓанецот Димитар Камнаровски со две сребрени медали го заврши годинешното учество на Спидо турнирите во Холандија.
На финалето одржано во Ландграф на кое учествуваа најдобрите 24 пливачи тој заврши како второ пласиран на трката на 100 м градно со време 1,38.77, со што за 4 секудни го подобри својот рекорд, како и на трката на 100 метри грбно каде времето 1,26,93 го подобри личниот рекорд за 3 сек.
На трките од 100м времето 1.21.09 беше доволно само за 4 место, додека истото место го освои на трката 100 метри мешано со време 1,32,57. Најслабо пласиран беше на 50 м делфин каде времето 44,78 го смести на седмото место.
За охриѓанецот останува уште настапот на холандското државно финале на 4 и 5 јули во Амстердам. Камнароски покрај холандскиот има и македонски пасош па еден ден ден со радост би ја прифатил поканата да плива за Македонија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com