Охридската пливачка гордост Димитар Камнаровски на Државното првенство во Холандија ја освои вицешампионската позиција.
Повредите кои беа неизоставен дел од Камнаровски сезонава се најголемата причина за неуспехот да ја одбрани титулата Државен првак, која ја освојуваше четири пати во низа.
Последните три месеци охриѓанецот трениираше по специјална програма, за одржување на формата, но тоа не беше доволно за златен медал.
Камнаровски подготовките во новата сезона ги започнуваше во Охрид, но оваа година тој периодот во родниот град ќе го помина за одмор по напорната година зад него.
Ohridnews