Камнаровски од Охрид го почнува походот кон освојување на Холандија
12.08.11 20:59
Имаше успешна сезона лани освојувајќи дузина медаљи на турнирите на кои учесвтуваше. Димитар Камнаровски, охриѓанец по потекло кој спортската кариера ја гради во Холандија, оваа година подготовките ги започна во Охрид, во новоотворениот базен на спортскиот центар.
du
– Подготвките ги стартувавме од Охрид, досега немавме такви шанси и немавме базен каде да пливаме. Најпосле тој проблем се реши и оваа година ќе бидеме кондиционо подготвени, а во Холандија ќе ги продолжиме подготовките за напорната сезона – вели таткото на Димитар, Томе Камнаровски кој воедно е и негов тренер.
Какви се вашите очекувања за наредната сезона?
– Многу труд и работа се пред нас. Годинава за разлика од лани трансфериравме во пливачкиот клуб од Роермонд градот каде живееме, со што ќе се скратат долгите патувања за тренинзи. Од оваа сезона ќе бидам главен тренер на пливачкиот клуб РЗ Роермонд, така што Димитар ќе има повеќе време и за своето детство. Иако 2,5 години активно се занимава со пливање, тој е суште дете, а голем професионалец во односот кон тренингот – истакна тренерот Камнароски.
Пливаше на малиот маратон, доби подарок од Маленко за најмлад натпреварувач, каков е мотивот да се продолжи понатаму?
– Секој добар резултат и освоена медаља или подарок го прават своето, така што желбата за подобар успех е се поголема. Респектот кој го имаме кон големиот пливач Александар Маленко е огромен и Димитар е презадоволен што тој подарок го доби лично од Александар. – додава Томе Камнароски.
Како се снаоѓате со финасиите, во текот на годината имате доста настапи, патувања, а тоа сигруно доста чини?
– Комплетниот финансиски трошок го подмируваме ние од нашата фамилија. Пливањето е индивидуален спорт кој е еден од поскапите има доста патувања, настапи низ Холандија, Германија и Белгија. Од оваа година се приклучуваме и во Луксембург, додека кон крајот на ноември ќе гостуваме на Немо купот во Скопје. Исто така и реквизитите кои ги набавуваме дел се од Холандија, дел од САД од Спидо кој ги произведува исклучително само за американскиот и австралискиот пазар. – објаснува Камнароски
Кои се наредните планови ?
– Целта ние да се обезебеди пласман меѓу најдобрите 10 во Холандија во сите дисциплини. Минатата година не ни успеа само со дисциплината делфин, додека во другите дисциплини Димитар беше меѓу топ 5 во холандија, што секако е голем успех ако се знае дека во негова возраст се пријавени повеке од 4500 пливачи. Холандија е една голема пливачка нација, секое и најмало населено место има базен,а најстариот пливачки клуб постои повеке од 110 години. Клубот во кој сега работиме постои 78 години, а пливачите се натпреваруваат од 1 до 7 лига. – посочува Камнароски.
Со реотварањето на пливачкиот базен, дали очекувате да заживее пливањето во Охрид?
– Најдоброто што се случи ова лето е базенот во Охрид, искрено се израдував кога видов дека во еден ден се пријавија околу 150 пливачи, тоа е добар знак за заживувањето на пливањето и ватерполото во Охрид. Имам убави спомени од овој базен и посебно ми е мило што и мојот син заплива во истиот базен каде некогаш и јас пливав и играв ватерполо. Сега треба да се оди напред ако сакаме Охрид да добие ново познато име, не да се застане само на отворениот базен -завршува Томе Каманаровски.
Во рамки на петтото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид во четврток гостуваат кај екипата на Тиквеш Тиквеш е добра екипа, особено кога играат дома Ќе биде тежок натпревар, се на...
И годинава на Велигден во Велгошти се одигра традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Поуспешни во празничната спортска пресметка беа „старите“ кои славеа со 5:3 Натпреварот што...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.