Македонската пливачка надеж Димитар Камнаровски на градскиот базен во Охрид ги започна подготовките за сезоната што престои.

Тој под палката на неговиот тренер и татко Томе Камнаровски во Охрид ќе одработи седумдневни подготовки, а ќе ги финилизира во Холандија.

– Секогаш летните подготовки се одвиваат во неколку фази. Првата трае околу три недели каде се топат мастите, а потоа можеме да се фокусираме на техниката и силата – рече тренерот Камнаровски.

Од оваа сезона младиот Камнаровски ќе се натпреварува во посебна лига која е составена од најталентираните пливачи во Холандија.

Мх.П.