Охридската пливачка гордост Димитар Камнаровски ќе го пропушти Државното првенство во Амстердам поради брзиот раст во кој се наоѓаа 14-годишниот пливач.


– Со полни 14 години Димитар е висок 186 сантиметри што е премногу за пливач на толкави години. Овој период тренираме само координација и техника, а не брзина. Ако сега вежбаме брзина, а не техника и координација Димитар ќе се бори против водата и неговото тело. Тогаш ќе заостаниме и ќе ја изгубиме трката со најдобрите во Холандија. Во ваков ритам ќе тренираме до крајот на мај кога на програмата е летното државно првенство – рече неговиот тренер Томе Камнаровски.


На Републичкото првенство во Венрај, Камнаровски освои сребро на 100 метри грбно и бронза 4×100 метри штафета мешано, а во 100 метри делфин и 100 метри машки влезе во финалните трки.

Мх.П.