Охриѓанецот Димитар Камнароски со два први места го заврши настапот на пливачкиот турнир “Спидо” во градот Блерик, Холандија. 

Холанѓанецот со охридско потекло на три од досегашните пет натпревари во серијата ги освои првите места. Последните два натпревари од серијата ќе се одржат во Март односно Април.  

Камнароски (9) победи во трката на 100 м со време  1.24.39, додека на 100 м грбно со време од 1,32,09. По овие победи тој се искачи на второто место севкупно во Холандија во моментов во својата конкуренција.

М.П.