Од засега непознати причини, еден градски механичар ја притиснал педалата за гас на камионот кој се наоѓал на сервис во една зграда во Њујорк, и до половина од должината на камионот излетал низ ѕидот и останал да виси од третиот кат на зградата.


Механичарот Роберт Легал останал заробен во кабината на камионот половина час додека камионот висел од зградата на висина од девет метри. Упеале да го извлечат пожарникарите. Полицијата ќе испита како дошло до несреќата, а механичарот со помали повреди на вратот бил примен во болницата во њујоршкиот кварт Квинс.