Камионот на клубот „Хастлер“ на познатиот Лери Флинт ги вознемирувал граѓаните во Сан Франциско. Задниот дел од камионот бил сочинет од провидни ѕидови, а во него се наоѓале стриптизети кои ги изведувале своите точки, и така ги вознемирувале граѓаните. Тие се бореле да го отстранат камионот од улиците, кој за викендите кружел околу центарот на градот, бидејќи заводливите танчерки привлекувале големо внимание во јавноста.
Сепак, тоа не им сметало на мажите, туку на љубоморните жени кои имале многу замерки. Проблемот настанал кога камионот бил паркиран пред основните училишта и библиотеките, кога бесните граѓани го започнале протестот. Калифорнискиот закон им забранува на возилата со јавно истакнати реклами паркирање во центарот на градот, но управата на клубот „Хастлер“ упорно го игнорирала законот.