Во несреќен случај што се случил вчера околу 10.15 часот кај селото Марена, кавадаречко, животот го загуби 35-годишен камионџија, жотел на Росоман.
Како што информира МВР, тој управувајќи камион-кипер, закачил жици од далновод, при што настанал електричен удар. 35-годишниот Р.С. починал на местото, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На месото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да ги утврди околностите кои довеле до трагедијата.
OhridNews