Фамилија од Унгарија се сели откако по втор пат во нивната куќа влегол камион. Камионот тежок 20 тони скршил две бетонски бандери и бетонски ѕид пред да влезе во собата на фамилијата Ковач. Возачот ја изгубил контролата над камионот поради маслото кое било на патот.
„Пред четири години камион се удри во истата соба. Јас, сопругот и децата бевме во дворот“ – рекла Марија.
Мислела дека е невозможно да се случи тоа повторно. За среќа и овој пат целата фамилија била во дворот. Да биле во куќата сигурно би загинале.
„Треба да се иселиме додека не служи среќата“ – додал нејзиниот сопруг.