Воjвотката од Корнвол, Камила, има намера на својот сопруг британскиот принц Чарлс наредниот месец да го изненади со 60 подароци за неговиот 60-ти роденден.


Меѓу подароците се и нивните љубовни писма, шах со рачно изработени фигури, стап за риболов, ружи за во градината, урамена насловница од Тајмс од 1948 година, кога е роден принцот.

По повод Чарлсовиот роденден, неговата мајка Елизабета II во Бекингамската палата ќе приреди банкет, а наредната вечер веселба за најблиските ќе има во резиденцијата на принцот во Глучестершир.