Полскиот ски скокач Камил Штох триумфираше на Новогодишнета турнеја „Четири скокалници“. Штох новата титула, вкупно трета во кариерата ја осигура со победата во Бишофхофен. Штох на подиумот во Бишофхофен заврши пред Норвеженцот Линдвик односно Германецот Гајгер.
Се помина како што треба. Победата во Бишофхофен е награда за мене и за целиот полскиот тим со кој се вложивме максималн изминатиов период. Во право време ја темпиравме формата и се покажав во најдобро светло. – изјави Штох.
Полјакот со третата титула од „Четирите скокалници“ се изедначи на вечната листа со Хелмут Рекнагал и Бјерн Виркол, а пред него се наоѓаат само Јанс Вајсфлог (четири титули) и легендата Јане Ахонен со пет титули.
OhridNews