Афричкиот куп на нациите следната година нема да се одржи во Камерун, како што беше планирано, откако Афричката фудбалска конфедерација (КАФ) му го одзеде правото за организација.
КАФ во соопштението образложи дека камерунците доцнеле со изградбата на стадионите и во целите подготовки околу организацијата. Исто така челниците од КАФ се загрижени од состојбата во земјата односно ескалацијата на многу насилства во југозападниот и северозапниот дел во Камерун.
Новиот конкурс за организирање на Афричкиот куп е отворен, а најмногу шанси му се дава на Мароко. Афричкиот куп ќе се одржи следната година од 15 јуни до 13 јули.
OhridNews