Американската актерка последниве неколку седмици го снима филмот “Bad Teacher” заедно со Џастин Тимберлејк. Папараците пред неколку дена ја снимиле Камерон Дијаз во хибриден автомобил.


Актерката со автомобилот на електрична енергија пристигнала на снимањето во Лос Анџелес. Се нагаѓа дека така сака кај своите обожаватели да ја зголеми свеста за екологијата. Хибридни автомобили во Холивуд уште имаат и Леонардо ДиКаприо, Ал Гор и многу други.