Познатата холивудска актерка Камерон Дијаз пред неколку дена заблеска во шармантен фустан со потпис на Викторија Бекам и се покажа во едно од своите најдобри модни изданија. Долгоногата убавица избрала креација од пролетната колекција во нежно сива боја, со бел додадок. Наизглед спортскиот фустан делува неверојатно елегантно и софистицирано во комбинација со Сент Лорен салонки во бела боја.
Розевиот кармин на усните и испегланата коса го заокружиле овој прекрасен пролетен изглед.
извор:fashion.hr