Актерката Камерон Диаз била снимена на улиците во Њујорк како снима нови кадри за филмот „The Other Woman“. Русокосата актерка која има 40 години го привлекувала вниманието во тесна комбинација од темна сукња и бел топ, комбинација која ги истакнала нејзините мускулести раце и витки нозе.
Што точно се случувало на сцената која ја уловиле папараците, ќе видиме во филмот на Ник Касаветес, а освен Диаз во филмот играат уште и Лесли Ман, Николај Костер-Валдау и Кејт Аптон, а се појавува и Ники Минаж. The Other Woman е филм за жената која ја игра Диаз, која дознава дека не е единствена љубовничка на своето момче.