Камерон Диаз никаде не оди без спакован ручек, бидејќи како што вели сака да има контрола над храната која ја јаде преку ден. Актерката која е позната по својата физичка форма секаде со себе носи ланч пакет, како би била сигурна дека ќе јаде само она што и одговара на телото.
Таа рекла дека во прашање е нејзиното тело и дека не треба некој друг да одлучува место неа. Секогаш во фрижидерот имала спремен оброк кој можела да го понесе било каде. Додала дека паметната исхрана значи дека можете да јадете повеќе а не помалку, но квалитетно избрани намирници.