Се чини како гласините дека Камерон Диаз се верила за своето ново момче Бенџи Меден се се поблизу до вистината. Диаз, една од најплатените холивудски ѕвезди, во Лондон го промовира својот нов филм ‘Sex Tape’. Нашла време да ја прокоментира и ситуацијата околу украдените разголени фотографии на славните личности која дошла како порачана во време на промоцијата на филмот кој раскажува токму за таа тема.
Но, тоа не е она што предизвикало интерес кај јавноста. Камерон се појавила со прстен на третиот прст. Кога на тоа ќе се додадат изјавите на блиските пријатели кои веќе откриле како Бенџи речиси се вселил во нејзината куќа, можно е Холивуд наскоро да слушне нов свадбени ѕвона.