Камерон Диаз ја краси многу секси насловната страна на новиот број на списанието “Esquire” и тврди дека никогаш подобро не се чувствувала во својата кожа, иако има 40 години.

Актерката позирала во комбинации кои малку препуштаат на фантазијата, и ја покажала завидната фигура, а како што открила и самата конечно била задоволна од самата себе. Рекла дека за прв пат во животот е задоволна и дека стареењето е најдобар дел од животот, бидејќи сега знаела многу повеќе од претходно. Таа признала дека се чувствува многу подобро на 40 отколку на 25 години.