Холивудската ѕвезда Камерон Диаз вели дека во ѕвездите не и било запишано да биде во брак, и покрај фактот што во изминативе десетина години се обидувале да ја освојат многу славни посакувани мажи, како Мет Дилан, Џастин Тимберлејк, Алекс Родригез и Џеред Лето.
Рекла дека сака да биде сама. Не сакала да се омажи ниту на 20, а ниту на 30 години. Сега кога влегла во петтата деценија од животот, поинаку размислувала за бракот и заедничкиот живот. Рекла дека не е стара да има деца, но сеуште не, додавајќи дека за прв пат во животот е задоволна од самата себе.