Камерон Диаз е прогласена за актерка на годината, соопштиле организаторите на фестивалот Синема Кон. Актерката наградата ќе ја прими за време на фестивалот кој ќе трае од 28 до 31 март во Лас Вегас. Откако дебитирала во филмот „Маска“, Камерон Диаз не престанала да го привлекува вниманието на публиката ширум светот со својот шарм и вродена смисла за комедија.


Според зборовите на директорот на фестивалот, Мич Њухаузер, Камерон Диаз од комедијата „Што е тоа со Мери“, преку акциониот филм „Чарлиевите ангели“ до пофалениот филм „Да се биде Џон Малкович“ и докажала на публиката дека може да ја прифати било која улога и успешно да глуми во сите жанрови. Нејзината нова улога е во филмот “Bad Teacher”, во кој настапува заедно со Џастин Тимберлејк.