Камерон Диаз во интервју за британското списание Гламур рекла дека жените се прекрасни, апсолутно совршени и преубави. Актерката снимила провокативен едиторијал за списанието. Во интервјуто зборувала за жените, женската убавина и односите меѓу жените.

Актерката рекла дека верува како секоја жена во еден момент од животот почувствувала сексуална привлечност кон друга жена. Тоа едноставно било така. Според неа, неизбежно е и природно жената да чувствува привлечност кон други жени. Камерон додала дека ги сака жените и не верува во љубомора. Тоа е, како што рекла, чувство кое не и се допаѓа.