Познатата актерка Камерон Диаз за својата кариера, која изобилува со романтични комедии, рекла дека тоа е забавен сплет на околности. Последниот проект со кој освојува е комедијата „The other woman“ која неодамна се појавила ви кината ширум светот. Тоа е всушност жанр со кој таа ја изградила својата кариера. Таа рекла дека не можела тоа да го планира и дкеа едноставно се случило. Додала дека клуч на нејзиниот успех е тоа што секогаш ја фаќала шансата која и се давала и дека начинот на кој го живее својот живот е таков што „секогаш ја остава вратата отворена без оглед на тоа што може да донесе“.
Рекла дека не можела да замисли подобар живот од овој. Филмот „The other woman“ зборува за вредностите на женското пријателство. Диаз ја игра Карли, динамичен адвокат полна со самодоверба и сексипил од Њујорк, која се забавува со Марк, згоден и посакуван бизнисмен. Нејзиниот лик е згрозен кога открива дека нејзиното момче, всушност е оженет човек, и после тоа ја запознава неговата сопруга Кејт, и двете откриваат дека се жртви на измама. Набрзо заколнатите непријатели стануваат неразделни и добри пријателки и откако откриваат уште една љубовница (Кејт Аптон), трите жени се одлучни да ја расплетат мрежата лаги на Марк и смислуваат начин на кој можат да му го приредат она што го заслужува.