Камерон Диаз синоќа беше на романтична вечера со својот сопруг Бенџи меден, а се чини дека испи повеќе отколку што може да поднесе. Славната актерка се сопна и падна додека излегуваше од клубот и влегуваше во авотобомилот, а на нејзина жал, падот го забележаа папараците кои го следат секој нејзин чекор.
Сопругот успеа да ја придржи и така помогна оваа незгода да помине без посериозни повреди. Судејќи според фотографиите, Камерон малку се опушти на вечерата па од ресторанот излезе со румено лице едвај одржувајќи рамнотежа. Кога се појавиле и папараците со блицевите на своите фотоапарати, тоа бил рецепт за незгодата.