Камерон Диаз покажала дека и на 41 година без тронка шминка на лицето и во бело бикини може да се мери со било која холивудска убавица. Таа одмара на Карипското море, и прошетала со извајаната линија на која би и позавиделе и 20-годишни девојки. Доколку некој има право да напише “книга за телото“, тоа е токму актерката Камерон Диаз која со своето тело дава најдобар пример за тоа како да се постигне и одржи здрава форма и витка линија.
Актерката одмарала на јахта на Карибите, а повеќе од тиркизното море погледи привлекувала нејзината заносна фигура во бело бикини. Таа е една од ретките холивудски ѕвезди која се наметнува пред се со природниот изглед, и без очигледи хируршки зафати. Можеби токму поради тоа нејзината книга за здравјето и фитнесот “The Body Book” со молскавична брзина станала бестселер, што не ни чуди кога успешноста на изнесените совети и тврдења ги гарантира самата авторка со сопствениот пример.