Атрактивната актерка Камерон Диаз ја прекинала љубовната врска со безбол играчот Алекс Родригез по една година мината заедно. Популарната актерка сега повторно е слободна, иако до пред еден месец изгледала многу среќно со Родригез.
Парот до скоро бил многу често фотографиран заедно, а изгледале многу среќни, па дури и се шпекулирало за можна свадба. Освен тоа тие купиле и заедничка куќа на Флорида. Која е причината за раскинувањето сеуште не е познато, а актерката, како и нејзините пријатели не сакале да го коментираат случајот.