Актерката Камерон Диаз секогаш темелно го читала сценариото пред да се одлучи да прифати некоја улога, иако знаела дека првиот впечаток секогаш може да се промени. Камерон неодамна признала дека во почетокот не била баш импресионирана со сценариото за својот нов филм “Bad Teacher”.


Подоцна кога почнала детално да го проучува се вљубила во главниот јунак Елизабет Хелси, строга учителка со остар јазик. Првиот пат кога ги прочитала првите 30 страници си помислила дека никогаш не би го играла тој лик, бидејќи учителката била ужасна личност.