Популарната хоивудска актерка, ѕвезда на филмот „Sex Tape“, Камерон Диаз, отпатувала во Хемптон уште малку да се одмори. Како што тоа обично бива, на аеродромот ја дочекале голем број папараци.

Таа цело време била насмеана и изгледало како да ја мести својата фризура која била разбушавена од ветерот. Сепак, кога ќе погледнеме малку подобро, Камерон воопшто не се обидува да ја намести фризурата, туку дискретно и дамски им дала до знаење на фотографите што мисли за нив, покажувајќи им го средниот прст. Ако ништо друго, барем нејзините раце се прекрасно изманикирани.