Вљубените новопечени спружници Камерон Диаз и Бенџи Меден присуствувале на кошаркарскиот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс во Стејплс центарот во Лос Анџелес. Парот не се одвојувал еден од друг, а освен што навивале и пиеле пиво, цели време се бакнувале и нежно се гледале.
Парот се свршил после само неколку месеци врска, а се венчале после осум заеднички месеци. Камерон за својата свадба со Бенџи рекла дека чекала бидејќи не сакала да се скраси. Сега го имала најдобриот маж на светот. Посебен маж кој бил само нејзин. По се изгледа кој чека сепак ќе дочека.