Амриканската актерка Камерон Диаз и познатиот рапер, дизајнер и продуцент Пи Диди наводно планираат соработка на неименуван филмски проект, пренесуваат американските таблоиди. Портпаролот на актерката, после пишувањата на медиумите дека биле видени на заеднички ручек во Лос Анџелес, изјавил дека тие се долгогодишни пријатели и дека биле заедно бидејќи планираат заеднички филмски проект.
Деталите на овој проект сеуште не им биле познати на медиумите. Камерон Диаз повеќе пати била номинирана за наградата Златен Глобус. Се прославила со улогата во филмот „Маска“, по што следувал големиот успех со филмовите „Чарлиевите Ангели“. Пи Диди неодамна се нашол на врвот на листата најбогати рапери која била составена од списанието “Форбс“.