Актерите Камерон Диаз и Кирк Камерон се овогодинешно добитници на неславната Златна малина за најлоши улоги во 2014 година. Диаз доби Златна малина за улогите во филмовите „The other Woman“ и „Sex Tape“, а Камерон за “Kirk Cameron’s Saving Christmas”, кој исто така е прогласен за најлош филм и најлошо сценарио.

 

Режисерот Мајкл Беј мора да се помири со Златната малина за продолжението на сагата “Transformers: Age of Extinction”. Најлош римејк е „Ени“, во кој исто така настапува Диаз покрај Џејми Фокс. Годишната церемонија за Златните малини одржана е во саботата во Лос Анџелес по 35. пат.