Камерон Диаз и Алекс Родригез купуваат заедничка вила во Мајами, што за таблоидите е доволен знак дека парот планира брак и семејство. ПАралелно со вестите за прекинувањето на Џад Лоу со Сиена Милер, дошле и убавите вести за Камерон Диаз и Алекс Родригез.


Медиумите веќе ја предвидуваат венчавката, бидејќи биле уловени во потрагата за заедничка куќа во Мајами. За да биде целата работа посериозна, им се допаднала вила со шест спални соби, пет тоалети и огромен базен, која чини 5,35 милиони долари. Инаку, парот веќе со месеци не се разделува. Божиќните празници ги минале во Мексико со ќерките на Родригез, минатиот месец вечерале со Клинтон, а пред неколку дена биле видени на церемонија во Арената на славните латино безбол играчи.