Пријател на актерката тврди дека Камерон опасно се загреала за младиот актер Роберт Патисон, како и дека ќе се обиде да го заведе на четиридневниот фестивал на виното кој се одржува на еден калифорниски имот.
Актерот наводно и се допаднал веднаш кога го запознала, но сепак не се обидувала ништо бидејќи тогаш Роберт бил во врска со Кристен Стјуарт. Сега ситуацијата се променила, па заносната актерка не сакала повеќе да губи време. Нејзиниот пријател рекол дека ја прифатила поканата за фестивалот кога слушнала дека и тој ќе биде таму.