Холивудската ѕвезда Камерон Диаз најавила дека ќе направи пауза од работата како би се посветила на семејниот живот, односно на тоа што поскоро со сопругот да добие бебе. Да потсетиме, Камерон претходно оваа година се венча со рокерот Бенџамин Мејден, кој е член на бендот “Good Charlotte”.
Анонимен извор близок до актерката вели дека Камерон одлучила да направи пауза од Холивуд најмалку една година. Таа сака да се посвети на семејните обврски, сака да биде мајка и да добие бебе што поскоро. Камерон наводно на членовите на својот тим им рекла продуцентите да не ја бараат без оглед на тоа колку би можела да заработи за снимање на некој филм. Актерката нема преголема потреба за пари, имајќи во вид дека само минатата година заработила 18 милиони долари.