Познатиот режисер Џејмс Камерон изјави дека е под голем притисок поради долгоочекуваното продолжение на неговиот блокбастер од 2009 година Аватар, кој треба да почне да се прикажува во кината во 2022 година.

Големиот проблем е дали ќе освоиме толку многу пари. Големи, скапи филмови треба да направат многу пари. Ние сме во нов поствоен свет со глобален раст на стриминг. Можеби никогаш нема повеќе да ги видам тие броеви. Кој знае? Сето тоа е големо како фрлање на коцките, истакна Камерон во интервју за „Entertainment Weekly“.

Тој додаде дека Аватар 2, во кој играат Сем Вортингтон, Зои Салдана, Стивен Ланг, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Еди Фалко и други му овозможил да ги „спои своите две најголеми љубови – режијата и истражувањето на океанот“.

Звучи некако лудо, но ако Аватар не заработи толку пари, немаше да снимам втор дел. Но, јас се занимавам со океаните, дури и кога не снимам филм. Кога би можел да ги спојам моите две најголеми љубови, едната е истражување на океаните, а другата снимањето, зошто да не?, додаде Камерон.

OhridNews