Кокан Димушевски е еден од основачите на познатиот македонски бенд “Леб и сол”. Автор е на самостојни музички проекти, музика за театар, а одржал над 1 000 концерти.
Саша Николовски -Ѓумар кој важи за едно од водечките имиња на македонската музичка сцена настапува на концертните и фестивалските сцени во Македонија и во други европски земји.
Камерниот оркестар при музичката младина на Македонија веќе 22 години е дел од програмата на “Охридско лето”. Го сочинуваат студенти од Македонија и други земји.
Фестиваот вечерва ќе донесе и изожба на карикатури што ќе биде отворена во Центарот за култура “Григор Прличев” со почеток во 20 часот.