Речиси 250 тркачи од сообраќајните камери на патот беа фатени како ја кратат на полумаратон (21 километар) во градот Шенжен во Кина. Организаторите на полумаратонот ги дисквалификуваа измамниците и им забранија учество следната година.
- Трчањето на маратонот не е само натпреварување и освојување на некоја парична награда, тоа е метафора за живот и секој учесник треба да биде репрезент на многу луѓе кои се покрај патеката. – изјави организаторите.
Кратењето на патеката од 250 натпреварувачи не бил единствен прекршок на правилата. 15 учесници со лажни и заменати бројки стигнале на целта, а три натпреварувачи се приклучиле од средината на патеката.
Шенжен е четврти град по големина во Кина и во пресок на полумаратонот учествуваат по 16 000 љубители на трчањето.
OhridNews