Позите на познатиот индиски прирачник Кама сутра не се секогаш најјасни. Затоа се појавила апликација со чија помош паровите ќе можат во 3Д верзија да ги согледаат сите акробации кои ги предлага оваа древна книга. Со помош на новата технологија, илустрациите на санскритски секс се појавуваат на смартфон или таблет во вид на холограм, давајќи детален увид во секоја од 69 пози, и тоа од сите агли.

Бесплатната апликација ќе биде достапна од јули, рекла Хејзел кушон, диреторката на издавачот “Xcite Books”. Таа навела дека повеќе од 2000 години, паровите ја консултираат Кама сутра како својот сексуален живот би го направиле што повозбудлив. Меѓутоа, некои компикувани пози ги збунувале. Таа додала дека во иднина само недостатокот на еластичност ќе ги спречува паровите да ги совладаат најтешките пози.