Првите виолини во Јувентус и Милан, Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ одиграа клучни улоги во победите на нивните екипи против Специја (4-1) односно Удинезе (2-1).
Португалецот кам-бек во дресот на Јувентус имаше со два погодоци во дуелот со Специја. Роналдо првиот погодок го постигна при резултат 1-1, а вториот за печат на победата 4-1. Јувентус поведе 1-0 со голот на Мората, а домаќините изедначија преку Побега. Помеѓу головите на Роналдо за Јувентус прецизен беше Рабиот.
Ибрахимовиќ со акробациски погодок во 83-та минута погоди за победа на Милан на гостувањето на „Фриули“ кај Удинезе. Швеѓанецот стрелаше со ножички и уште еднаш ја потврди својата светска класа. „Росонерите“ со голот на Кеси после асистенција на Ибрахимовиќ го отворија резултатот, а домаќините изедначија преку капитенот Де Пол кој биеше успешно од белата точка.
- Резултати:
Удинезе – Милан 1-2
Специја – Јувентус 1-4
Торино – Лацио 3-4
Рома – Фиорентина
Наполи – Сасуоло
Сампдорија – Џенова
OhridNews