Охриѓанецот Валентин Кочоски повторно ќе ги брани боите на прволигашот Струга Трим Лум.

„Црвено белите“ во името на Кочоски ќе добијат поливалентин фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции.

Струга Трим Лум се подготвува за дебито на европската фудбалска сцена, откако минатата сезона финишираше на третата позиција во македонскиот фудбалски шампионат.

Кочоски во Струга се преселува од Пелистер каде ја помина минатата сезона.

OhridNews