Најдобро рангираниот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ заедно со свој тим донесле одлука да настапи на Мастерс турнирот во јапонскиот град Токио, кој ќе започне на 30 септември.
Српскиот тенисер на американскиот грен слен турнир УС Опен поради повреда на рамото го предаде осминафиналниот натпревар со Стен Вавринка и најави отсуство од тенисот. Ситуацијата околу повредата на рамото драстично се променила на подобро и Ѓоковиќ сака да се врати на теренот.
- Одлучив да играм во Токио затоа што сакам да осетам какви се условите, градот и терените за Олимписките игри кои следуваат минатата година. Нескромно ќе кажам дека Олимписките игри ќе бидат мојот најголем предизвик во тенисерската кариера. – изјави Ѓоковиќ.
Во богата ризница на трофеи од сите турнири на Ѓоковиќ му недостига златниот медал од Олимписките игри. Србинот најблиску беше во 2008 година на ОИ во Пекинг кога играше и изгуби во полуфиналето. Подоцна, Ѓоковиќ се закити со бронзениот медал.
OhridNews