Повремениот репрезентативец Кире Маркоски се врати во македонскиот фудбал, откако го засили тимот на Академија Пандев.

Маркоски денеска го официјализираше трансферот, а викендов на почетокот од сезоната во Првата лига најверојатно ќе го има дебито во новиот клуб. Покрај Маркоски нов фудбалер на „пандевци“ е ристијан Трапановски.

Охриѓанецот во мак-фудбалот се враќа по пауза од три сезони. Маркоски блесна во дресот на Работнички и направи трансфер во АЕЛ Лимасол, а потоа играше за Спартак Трнава и Карвина.

Тимот на Академија Пандев во првата рунда гостува кај битолски Пелистер.

OhridNews