Шкотланѓанецот Калвин Харис се најде на врвот на листата најдобро платени диџеи со годишна заработка од 66 милиони долари, што, според Ројтерс, покажува експлозија на електронската денс музика. Харис е и продуцент кој соработувал со ѕвезди како што се Ријана, Ели Гулдинг и многу други. Неговиот албум од 2014 “Motion” беше прв на американската листа денс музика. Рекламира долна облека на Армани, очила и часовници, а моментално се забавува со поп пејачката Тејлор Свифт.

 

Тој за Форбс изјавил дека подемот на денс музиката е астрономски. Едноставно се нашол на вистинското место во вистинско време. На второто место е францускиот диџеј Дејвид Гета со 37 милиони долари, холанѓанецот Тиесто е на третото со 36 милиони, додека американците Скрилекс и Стив Аоки ги заокружиле топ пет со по 24 милиони долари заработка од музика и други бизнис проекти од јуни минатата до јуни оваа година.