Шкотската ѕвезда Калвин Харис е прогласен за најплатениот DJ во светот благодарение на заработката од $46 милиони долари изминатата година.
Најголемиот дел од заработените средства се од настапите на различни места ширум светот за кои наплаќал и до $300.000 долари по вечер.
Интересен е фактот што на овој DJ му требало само една година од напуштањето на работата во фабрика за преработка на риби да стане светска сензација.