Една калуѓерка од САД, која имала 65 години, украла милион долари работејќи како благајник во католичкиот колеџ и ги потрошила на автомати во казино. Парите ги крадела во период од десет години, а потоа сите ги потрошила по казината во Атлантик Сити. На суд ги признала своите гревови и рекла дека и е жал што на таков начин се осрамотила самата себе, семејството и верата.


Со судската постапка добила 2000 часа хуманитарна работа и морала да врати 347 илјади долари. За целосно да се покае и да добие прошка за своите гревови, калуѓерката ги минува деновите во самотија во мала соба во манастир во Филаделфија.