Калуѓерката Лин Ретингер ид Питсбург гледала еден човек како низ отворен прозорец на автомобил краде паричник. Директорката на католичкото основно училиште „Свето Срце“ излегла на паркингот и со строгиот глас кој веќе 50 години го вежба на учениците му викнала да го врати тоа што го зел.
Крадецот веднаш и го предал паричникот, се извинил и заминал. Сестрата лин вели дека со крадецот разговарала како и со учениците кога се сомневала дека направиле нешто што не смеат. Полицијата сеуште не го пронашла крадецот.