Претставничка на Македонија на Евросонг 2016 година ќе биде Калиопи, одлучи Македонската радио телевизија.
„МРТ одлучи годинава, на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, повторно да и се довери на најголемата македонска поп-рок ѕвезда, но и на едно од најголемите балкански афирмирани музички имиња – Калиопи“, се вели во соопштението.
Калиопи веќе ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2012-тата година со песната „Црно и бело“ и влезе во големото финале.
„Сигурни сме дека соработката на МРТ, со добро познатата комбинација, на поп дивата Калиопи и композиторот Ромео Грил којшто и овој пат ќе биде автор на македонската евровизиска композиција, ќе резултира со модерен, атрактивен евровизиски производ, со афирмативен национален карактер“, велат од МРТ.
Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Шведска 2016, ќе се случи на Македонската телевизија и пред македонската јавност на крајот на февруари идната година.
OhridNews
Извор: „Макфакс“