Советникот Петре Петрески – Калимеро одби да го земе службениот лаптоп, бидејќи смета дека средствата потрошени за компјутеризација на Советот се погрешна инвестиција. „Компјутерите нема да се користат за намената за која се купени туку на нив ќе играат децата на советниците, поради што сметам дека подобро ќе беше парите потрошени за набавка на лаптоповите да се пренаменеа за помош на сиромашните сограѓани“, изјави Калимеро.

Останатите членови на Советот ги подигнаа своите персонални компјутери кои треба да им користат исклучиво за службени цели.


не сака лаптоп – Калимеро

На денешната седница, Советот ја усвои стратегијата за локален економски рзвој и го одобри задолжувањето на МЈП Проаква со кредит од 15 милиони денари кои ќе бидат наменети за репрограмирање на кредит од 1999 година со исклучително висока камата од 19%. Советниците денеска ги изгласаа и членовите на надзорниот и управниот одбор на новото јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти, а експресно ги усвоија и одлуките за збратимување на Охрид со 7 европски градови и измените во буџетот на општината.

ohridnews