Независниот советник, Петре Петрески – Калимеро ја предводи првата независна листа на советници која доколку ја добие поддршката на граѓаните ќе влезе во конкуренција на претстојните локални избори.

Калимеро е оптимист дека овојпат покрај него, во Советот на општината ќе влезе најмалку уште еден независен советник.

Независната листа на советници веќе е предадена во подрачната единица на Министерството за правда, а Калимеро е задоволен од бројот на собраните потписи, бидејќи за рекордно кратко време собран е потребниот законски број за учество на изборите.

Ohridnews